Годишно собрание на македонската ИЕЕЕ секција
ПОКАНА
Почитувани колеги, членови и пријатели на Македонската секција на ИЕЕЕ, со задоволство Ве поканувам на редовното Годишно собрание на Македонската секција на ИЕЕЕ.
Date and Time
Location
Hosts
Registration
-
Add Event to Calendar
Agenda
Дневен ред
– Избор на записничар и двајца оверувачи.
- Усвојување на дневниот ред.
- Извештај на претседателот за работата на Секцијата во 2023 година.
- Извештаи за работата на одделите, студентскиот огранок и групите во 2023 година:
- оддел за обработка на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP001/EMB018), претседател Бранислав Геразов;
- здружен оддел за кола и системи, компјутациона интелигенција и системи за управување (CAS004/CIS011/CS023), претседателГорјан Наџински;
- здружен оддел за електронски компоненти/инструментација и мерења/полупроводнички електронски кола (ED015/IM009/SSC037), претседател Владимир Димчев;
- оддел за теорија на информации (IT012), претседател Александар Ристески;
- оддел за индустриска електроника/индустриски апликации/енергетска електроника (IE013/IA034/PEL035), претседател Љупчо Караџинов;
- оддел за компјутери (C016), претседател Благој Ристевски;
- оддел за телекомуникации (COM019), претседател Марко Порјазоски;
- оддел за електроенергетика (PE031), претседател Петар Крстевски;
- здружен оддел за едукација/роботика и автоматика/системи, човек и кибернетика (E25/RA24/SMC28), претседател Невена Ацковска;
- студентски огранок на ИЕЕЕ при УКИМ, претседател Теа Вељковиќ;
- група на млади професионалци (YP), претседател Марија Попоска.
- група на доживотни членови (LMAG), претседател Гоце Арсов.
- Извештај за финансиското работење на Секцијата во 2023.Усвојување на завршна сметка/годишна пресметка за 2023 година.
- Извештај на комисијата за спроведените избори за мандатниот период 2024-2025.
- План за работа за 2024 година.
- Доделување јубилејни награди и признанија.
- Предлози, сугестии и прашања од членовите на Секцијата.
- Заедничка фотографија на членовите
Годишното собрание ќе се одржи на 28.02.2024 година (среда) од 12:00 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ (анекс на ТМФ).
Традиционално дружење на членовите по завршување на собранието е организирано во ресторан Фотка после 14:00 часот.
Скопје, 21 февруари 2024 година. Претседател, Анастас Мишев
Заради подобра организација на настанот, ве молиме да се регистрирате