Годишно собрание на македонската ИЕЕЕ секција

#annual
Share

ПОКАНА

Почитувани колеги, членови и пријатели на Македонската секција на ИЕЕЕ, со задоволство Ве поканувам на редовното Годишно собрание на Македонската секција на ИЕЕЕ.



  Date and Time

  Location

  Hosts

  Registration



  • Add_To_Calendar_icon Add Event to Calendar
  • Руѓер Бошковиќ 16
  • Скопје, Macedonia
  • Macedonia 1000
  • Building: Амфитеатар на ФИНКИ

  • Contact Event Host
  • Starts 09 February 2026 07:42 AM UTC
  • Ends 16 February 2026 05:00 PM UTC
  • No Admission Charge






Agenda

Дневен ред

 

– Избор на записничар и двајца оверувачи.

1.     Усвојување на дневниот ред.

2.     Извештај на претседателот за работата на Секцијата во 2025 година.

3.     Извештаи за работата на одделите, студентскиот огранок и групите во 2025 година:

3.1.      оддел за обработка на сигнали и инженерство во медицината и биологијата (SP001/EMB018), претседател Бранислав Геразов;

3.2.      здружен оддел за кола и системи, компјутациона интелигенција и системи за управување (CAS004/CIS011/CS023), претседател Душко Ставров;

3.3.      здружен оддел за електронски компоненти/инструментација и мерења/полупроводнички електронски кола (ED015/IM009/SSC037), претседател Катерина Ралева;

3.4.      оддел за теорија на информации (IT012), претседател Марко Порјазоски;

3.5.      оддел за индустриска електроника/индустриски апликации/енергетска електроника (IE013/IA034/PEL035), претседател Љупчо Караџинов;

3.6.      оддел за компјутери (C016), претседател Катерина Тројачанец Динева;

3.7.      оддел за телекомуникации (COM019), претседател Перо Латкоски;

3.8.      оддел за електроенергетика (PE031), претседател Маја Целеска;

3.9.      здружен оддел за едукација/роботика и автоматика/системи, човек и кибернетика (E25/RA24/SMC28), претседател Весна Ојлеска;

3.10.   студентски огранок на ИЕЕЕ при УКИМ, претседател Филип Жаков;

3.11.   група на млади професионалци (YP), претседател Стефан Момир.

3.12.   група на доживотни членови (LMAG), претседател Гоце Арсов.

4.     Извештај за финансиското работење на Секцијата во 2025. Усвојување на завршна сметка/годишна пресметка за 2025 година.

5.     Извештај на комисијата за спроведените избори за мандатниот период 2026-2027.

6.     План за работа за 2026 година.

7.     Доделување јубилејни награди и признанија.

8.     Предлози, сугестии и прашања од членовите на Секцијата.

9.     Заедничка фотографија на членовите

Годишното собрание ќе се одржи на 18.02.2026 година (среда) од 14:00 часот во Амфитеатарот на ФИНКИ (анекс на ТМФ).

Традиционално дружење на членовите по завршување на собранието е организирано во ресторан Фотка после 15:30 часот.

Скопје, 9 февруари 2026 година.                             Претседател, Анастас Мишев

 

 



Заради подобра организација на настанот, ве молиме да се регистрирате